Правопис и правоговор на македонскиот јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Правописот и правоговорот на македонскиот јазик, познати како ортографија и ортоепија, се стандардните јазични норми на секој јазик со кои се наведува правилниот говор и правилното пишување. Под правопис се подразбира правилен начин на пишување т.е. правилна употреба на графичките знаци и на интерпункцијата во даден јазик, како и правилна примена на сите законитости според кои се утврдуваат правилата. Сето ова се сфаќа како унифициран збир на правила за пишување на зборовите. Правоговорот се дефинира како правилен изговор на напишаното и на кажаното. Правоговорот налага секој зборувач на еден јазик да ги почитува правоговорните норми. Правописот на македонскиот јазик од моментот на својата стандардизација претрпел неколку измени, односно имало мали измени во правописот во 1945, 1950, 1970 и 1998 година. Во февруари 2016 година бил претставен новиот правопис на македонскиот јазик, подготвен од 48 учесници, а објавен од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.[1] Во 2017 г. излегло второ издание на овој правопис, кое е ставено на располагање на посебен портал на НУБСК.
Македонска фонетика и фонологија |
---|
Гласови
Писмо
Поврзано
|