Развој на македонската азбука
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонскиот јазик користи кирилична азбука која има долга вековна историја. Развојот на денешната македонска азбука датира уште од појавата на глаголицата, па со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До X век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста. Така, од X па сè до XIX век, македонскиот јазик (и македонската редакција на старословенскиот) ги користел следните азбуки:
Македонска фонетика и фонологија |
---|
Гласови
Писмо
Поврзано
|
Усовршувањето и приспособувањето на македонскиот пишан систем и постепено поедноставување на црковномакедонското писмо започнало во XIX век со појавата на поедноставната илинденска азбука, која пак довела до оформување на македонската преродбеничка азбука за да на крај се создаде стандардната македонска азбука. Во XX век имало и обид за запишување на македонскиот јазик и со латинична азбука, т.н. македонска абецедарска азбука која не зела широки размери и останала на локално ниво во Егејска Македонија.
Најбогатиот период, во поглед на развојот на стандардната македонска азбука, е периодот на преродбата, поточно од средината на XIX век до почетокот на XX век. Во овој период голем број на македонски интелектуалци вршеле реформи за поедноставување на македонската илинденска азбука и со тоа стандардизирање на македонскиот правопис. Меѓу позначајните личности кои се занимавале со задавање правила и стандардизација на македонскиот графички систем и на македонскиот правопис се: Крсте Петков Мисирков, Ѓорѓија Пулевски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Константин Петковиќ, Партенија Зографски, Димитар Македонски, Деспот С. Баџовиќ, Коста Групче, Наум Евро, Темко Попов, Васил Карајовов, Лозарите и други[1]. Развојниот процес на македонската азбука ќе ја разгледаме етапно според авторите.