Православна црква
From Wikipedia, the free encyclopedia
Православната црква е втората најголема христијанска црква според бројот на верници, односно со над 250 милиони членови.[1][2] Таа е една од најстарите религиозни институции во светот, и одиграла клучна улога во историјата и културата на земјите од Источна Европа, Балканот, Кавказ и Блискиот Исток.[3] Православната црква е организирана како заедница на автокефални цркви, со кои раководат епископи, преку Светиот синод.[4] Православната црква нема централен авторитет како што е папата во Римокатоличката црква, туку Вселенскиот патријарх е признат од сите како primus inter pares („прв меѓу еднаквите“) на епископите.
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Православната и Римокатоличката црква биле во заедништво до Големиот раскол во 1054 година, поттикната од разликите во доктрините, посебно поради авторитетот на папата. Пред Четвртиот вселенски собор од 451 година, Древноисточните цркви биле дел од оваа заедница, и се одвоиле поради разлики во толкувањето на христијанството.
Најголем дел од православните христијани живеат во Источна Европа, Балканот и Кавказ, а постојат помали заедници во бившите византински региони околу Средоземното Море, Африка, и уште помали заедници во Среден Исток поради прогонот на христијаните. Секако, постојат заедници во други делови од светот, кои ги одржува дијаспората.