Тритон (месечина)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тритон — најголемиот природен сателит на планетата Нептун и е првата нептунска месечина откриена на 10 октомври 1846 година од англискиот астроном Вилијам Ласел. Таа е единствената голема месечина во Сончевиот Систем со повратна орбита, орбита во насока спротивна од ротацијата на нејзината планета.[11] Поради својата повратна орбита и составот сличен на Плутон, се смета дека Тритон бил џуџеста планета, заробена од Кајперовиот Појас.
Слика од Војаџер 2 на тритоновата полутопка | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Вилијам Ласел |
Откриено | 10 октомври 1846 |
Ознаки | |
Изговор | /ˈtraɪtən/ |
Наречена по | Тритон |
Орбитални особености | |
354.759 км | |
Занесеност | 0,000016[1] |
5,876854 d (повратно)[1][2] | |
Просечна орбитална брзина | 4.39 км/с[б 1] |
Наклон | 129.812° (до еклиптика) 156.885° (до екваторот на Нептун)[3][4] 129.608° (до орбитата на Нептун ) |
Месечина на | Нептун |
Физички особености | |
Среден полупречник | 1.353,4 ± 0,9 km[5] (0.2122 R🜨) |
23.018.000 km2[lower-alpha 1] | |
Зафатнина | 10.384.000.000 km3[lower-alpha 2] |
Маса | (2,1390 ± 0,0028)⋅1022 kg (0,00359 Земјини)[lower-alpha 3] |
Средна густина | 2,061 g/cm3[5] |
0,779 (0,0794 g) (0.48 месечеви)[lower-alpha 4] | |
1,455 km/s[lower-alpha 5] | |
синхроно | |
Ѕвезден вртежен период | 5 д, 21 ч, 2 мин, 53 сек.[6] |
0 [lower-alpha 6] | |
Албедо | 0.76[5] |
Температура | 38 K (−235.2 °C)[6] |
13.47[7] | |
−1.2<[8] | |
Атмосфера | |
Површински притисок | 1.4–1.9 Pa[6] (1/70.000 површинскиот притисок на Земјата )[9] |
Состав по зафатнина | траги од азот; метан[10] |
Со 2,710 километри во пречник, таа е седмата по големина месечина во Сончевиот Систем, единствениот сателит на Нептун доволно масивен за да биде во хидростатска рамнотежа, втората по големина планетарна месечина во однос на нејзината примарна (по Земјината Месечина) и поголем од Плутон. Тритон е една од ретките месечини во Сончевиот Систем за кои се знае дека е геолошки активен (другите се јупитеровите Ија и Европа и сатурновите Енкелад и Титан). Како последица на тоа, неговата површина е релативно млада, со неколку очигледни кратери. Сложените криовулкански и тектонски терени укажуваат на сложена геолошка историја.
Тритон има површина од претежно замрзнат азот, претежно водена-ледена кора, ледена обвивка и значително јадро од карпи и метал. Јадрото сочинува две третини од неговата вкупна маса. Просечната густина е 2,061, рефлектирајќи состав од приближно 15-35% воден мраз.
За време на неговото прелетување покрај Тритон во 1989 година, Војаџер 2 открил температури на површината од 38 К (-235 °C), а исто така открил и активни гејзери кои еруптираат сублимиран азотен гас, придонесувајќи за слаба азотна атмосфера помалку од 1⁄70,000 притисок на атмосферата на Земјата на морско ниво. Војаџер 2 останува единственото вселенско летало што го посетил Тритон.[12] Бидејќи сондата можела да проучува само околу 40% од површината на месечината, предложени се идни мисии за повторно разгледување на системот на Нептун со фокус на Тритон.